Две лица загинаа, а 45 се повредени во сообраќајна несреќа на Малта, кога отворен туристички автобус удри во гранка од дрво.
Инцидентот се случил вчера во популарното туристичко место Зуријек, во близина на главниот град Валета, познато по бројни морски пештери.
Меѓу повредените се и 12 деца, а две од нив се во критична состојба. Патниците во поголем број биле од Белгија и Велика Британија.
Двајцата настрадани патници и повеќето повредени седеле на горниот кат кога автобусот удрил во гранката.