Иран би можел да го збогати ураниумот до чистота од 90 проценти, доколку земјата има потреба тоа, изјави денеска иранскиот претседател во заминување Хасан Рохани.

– Иранската организација за атомска енергија може да го збогати ураниумот за 20 и 60 проценти, а доколку еден ден тоа му треба на нашиот реактор, можеме да збогатиме ураниум до чистота од 90 проценти – рече Рохани на владиниот состанок, објавија иранските агенции.

Неговата изјава доаѓа во време на напорите на Техеран и шесте светски сили да го оживеат нуклеарниот договор од 2015 година, што Вашингтон го напушти пред неколку години.