Jа сфаќам позицијата на Бугарија околу нејзиното вето за почеток на преговорите на Македонија со Европската Унија, бидејќи таа е нејзина земја-членка, но мора да се најде компромис, изјави словенечкиот премиер Јанез Јанша за Бугарското национално радио (БНР).
– Кога сме во едно семејство, прво доаѓа неговиот интерес, а потоа на останатите. Мора да се однесуваме како семејство, но мора да се обидеме и да најдеме компромис – изјави Јанша за БНР.
Јанша го оценил предлогот на португалското претседателство за повлекување на ветото од страна на Бугарија како добар чекор. Тој додаде дека за Бугарија е добро да прифати нација која зборува сличен јазик и има блиска култура, но иако прашањето околу Македонија е спорно, треба да има стратешки поглед на работите.