Речиси секојдневно слушаме за борба против стареењето, што не е за изненадување бидејќи пазарот вреди околу 58,5 милијарди долари. Меѓутоа, сето тоа е обид да се одложи неизбежното, тврдат научниците. Истражувањето на меѓународен тим научници од 14 земји се заснова на хипотезата за „непроменетата стапка на стареењето“, која вели дека видовите имаат релативно фиксна стапка на стареење во зрелоста и веројатно на неа нема да влијаат напорите против стареење. Истражувањето е објавено врз основа на „колекција од 39 човечки и нечовечки собрани податоци од седум рода“.
– Нашите резултати ја поддржуваат хипотезата за постојаната стапка на стареење, што подразбира биолошки ограничувања за тоа колку стапката на стареење кај луѓето може да се забави – велат научниците.
Ова во суштина потврдува дека смртта не може да се измами. Траењето на животниот век можеби може да се продолжи како резултат на подобри фактори на животната средина, но на крајот на денот, сите ќе остареме и ќе умреме.
– Нашето истражување потврди дека во случајот со историската популација, животниот век бил пократок затоа што многу луѓе починале млади. Меѓутоа, благодарение на медицинските, социјалните и еколошките подобрувања, очекуваниот животен век се зголеми. Повеќето луѓе денес живеат многу подолго, но патот до смрт во староста не е променет. Ова истражување покажа дека дури и напредокот во медицината не може да ги надмине биолошките ограничувања – вели Хозе Мануел Абурто од Универзитетот во Оксфорд.
Она што сите можеме да го сториме е да се обидеме да уживаме во животот што е можно повеќе, а сознанието дека еден ден на сè ќе му дојде крајот треба да ги мотивира луѓето да бидат најдобрата верзија од себе, да се грижат за луѓето околу нив, но и да престанат да се грижат поради стареењето.