РАКОМЕТ – ПРВЕНСТВА НА МАКЕДОНИЈА
Кадетите на Металург се годинашните шампиони на Македонија меѓу ракометарите родени во 2004 г. и помлади.
Во конкуренција на кадетките, шампион на Македонија стана екипата на Стружанка. Младите металурзи забележаа четири победи во групната фаза, а потоа и на фајналфор-турнирот, победувајќи ја екипата на Струга (31-19) во полуфиналето, а потоа и Младост (27-21) во финалето.
За Металург ова е петта титула во кадетска конкуренција или вкупно 12-та во младинските категории, од кои пет во младинска и две во пионерска конкуренција. Во мечот за третото место, Вардар ја победи Струга со 29-18. Десното крило на Металург, Александар Петровски, со 18 гола во завршницата, беше прогласен за најдобар стрелец, а признанието за најдобар голман го доби чуварот на мрежата на Металург, Никола Ангеловски. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Стојан Наумовски од Младост.
За Стружанка, која во финалето ја победи од Деспина (18-16), ова е трета титула кадетски првак на Македонија, по триумфите во 2013 и во 2014 година. Во мечот за третото место Вардар го победи Металург со 21-15.
Бојана Затуроска од Стружанка беше прогласена за најдобар играч, Матеа Чурлиноска од Деспина го понесе признанието за најдобра голманка, а Марија Голабовска од Стружанка и Сара Богојеска од Деспина беа најдобри стрелци на завршниот турнир.