Институтот кој ја произведе руската вакцина против коронавирус, „Спутник в“, денеска објави дека штити од сите познати варијанти, вклучувајќи ја и делтата, одговорна за избувнувањето на епидемијата во Русија.
Москва и регионот, како и Санкт Петербург, се погодени од новиот бран и имаат рекорден број на заразени лица.
Александар Гинтсбург, директор на Центарот Гамалеја кој го произведува „Спутник в“, рече дека две дози од таа вакцина штитат од сите сега познати варијанти, од британска до индиска делта.
Овие изјави го охрабруваат руското население да се вакцинира во време кога кампањата за вакцинација е во застој поради недоверба и покрај повеќекратните повици од претседателот Владимир Путин.