Терапијата со антитела на американската компанија „Регенерон“ ги зголемува изгледите на заболените од ковид-19 да преживеат и нуди нова надеж во лечењето на најтешките случаи, пишува „Економист“. Студијата во британските болници покажала дека лекот „Реген-Ков“ ги спасува животите на голем дел од заболените чиј организам не е во можност сам да создаде антитела во имунолошкиот одговор кон коронавирусот.
Станува збор за една третина од 9.785-те болнички пациенти кои учествувале во студијата. Утврдено е дека од нив преживеале 20 отсто повеќе пациенти, во споредба со контролната група на која и била пружана стандардната терапија. Се покажало и дека „Реген-Ков“ го скратил болничкиот престој кај пациентите од 17 на 13 дена.
– „Реген-Ков“ претставува комбинација на две моноклонални антитела познати како касиривимаб и имдевимаб. Антителата се протеини на имунолошкиот систем кои ги сузбиваат патогените преку закачување кон нив. Касиривимаб и имдевимаб се поврзуваат со различни места на шилестиот протеин на ковид-19, спречувајќи го вирусот да ги зарази клетките. Користењето на две антитела наместо едно го намалува ризикот од развивањето на отпор кон терапијата од страна на вирусот – објаснува „Економист.
Досега, клиничките испитувања не успеаја да изнесат убедлив случај за широката употреба на терапии со антитела за лечење на ковид-19. Проблем претставува неможноста за одредување на јасна група на пациенти кои можат да имаат корист од овие скапи терапии. Ова е првата студија која е доволно голема за да покаже дека таквата терапија ја намалува смртноста на пациентите примени во болница со тешки симптоми на ковид-19.
„Реген-Ков“ доби дозвола за итна употреба во САД, Канада, Бразил, Индија и во ЕУ, додека надвор од овие земји останува под испитување, а пристапот до терапијата е значително ограничен. Квантитетот и цената на терапијата остануваат предизвици, бидејќи нема многу производствени капацитети на терапии со моноклонални антитела, кои главно само богатите држави можат да си ги дозволат. Една доза на „Реген-Ков“ чини илјадници долари. Ако се зголеми побарувачката за терапијата, не е јасно како би дошло до побрзо зголемување на испораката.