Две лица загинаа во пукање во западногерманскиот град Еспелкамп, во сојузната покраина Северна Рајна-Вестфалија, пренесува германски „Билд“. Како што се наведува, полицијата излегла на местото на настанот.
Сторителот е во бегство и веројатно е вооружен. Мотивите за нападот сè уште не се познати. Полицијата соопшти дека првичните резултати од истрагата не покажуваат дека станува збор за тероризам.
– Како што стојат работите, се чини дека тоа беше злосторство, а не тероризам – изјави портпаролот на полицијата, цитиран од „Ројтерс“.
Германски „Билд“, претходно, повикувајќи се на полицијата, објави дека станува збор за таканаречената амок-ситуација, која се однесува на ментално растројство, при што некое лице неконтролирано убива луѓе околу него.
Според весникот, една жена и еден маж биле убиени, а има и две сцени на злосторство, едно лице е убиено во куќата, а другото пред неа.
Градот Еспелкамп, дом на речиси 20.000 луѓе, се наоѓа во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија.