Директорот на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, вчера го посетија новиот пункт на претпријатието, лоциран во близината на Скопското кале.
– Една од нашите најголеми заложби е да им обезбедиме соодветни услови за работа на вработените во „Комунална хигиена“, кои го носат главниот товар во извршувањето на дејноста на претпријатието и наедно секојдневно на терен се изложени на најнеповолните климатски влијанија. Во таа насока, осум стари дотраени пункта, лоцирани во скопските општини Аеродром, Центар, Чаир и Шуто Оризари, ги заменивме со нови монтажни објекти што ги исполнуваат сите стандарди за квалитетно извршување на работните обврски на работниците што ја одржуваат хигиената на јавните површини во Скопје – истакна директорот на претпријатието, Абдусамед Шабани.
Трета фаза од прскањето против комарци во Скопје
Град Скопје ги известува граѓаните дека в понеделник, 14.6.2021 година, ќе се реализира третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на Скопје, против ларви од комарци, односно авионската дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.6.2021 (понеделник), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција (трета фаза) на подрачјето на Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 14.6.2021 (понеделник), во текот на денот.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата таа ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
– Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите – велат од Градот.