Две девојки пријавиле синоќа дека на различни локации во центарот на Скопје им бил одземен накит од страна на непознати лица.
Дваесет и деветгодишна девојка пријавила дека синоќа во 23.15 часот била ограбена во близина на мостот „Око“.
Според пријавеното, четири лица со закана ѝ одзеле накит.
Во вториот случај, 27-годишна битолчанка пријавила дека околу 23.10 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје едно лице со употреба на сила и одзело накит.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.