Нега и убавина
Секоја жена барем еднаш посегнува по кремовите против брчки. Со години луѓето зборуваат за придобивките од хијалуронската киселина, но колагенот е исто така многу важен и е основна компонента на кожата, а може да се најде во разни видови храна од природата.
Колагенот примен преку храна може да има поефикасно дејство од кремовите. Најголемо количество има во овие неколку вида храна.
1. Риба
Оваа храна е многу богата со колаген, бидејќи коските на рибите се направени од оваа супстанција. Колагенот добиен од риба е најдобрата супстанција, која најдобро се апсорбира во човечкото тело.
2. Белка од јајце
Јајцата, поточно белките, содржат многу сврзувачки ткива што содржат високо ниво протеини и тие претставуваат најважен дел од киселините за производство на колаген.
3. Цитрусно овошје
Лимонот, грејпфрутот, портокалот, лиметата се претставници на оваа група храна. Тие не само што содржат големо количество витамин Ц туку исто така играат голема улога во производството на колаген. Најдобро е овие плодови да ги земате свежи, во форма на сокови или шејкови.
4. Домати
Корисни се за луѓето затоа што содржат до 30 проценти витамин Ц. Доматите исто така имаат многу ликопен, тој е одличен антиоксидант и е многу важен за кожата.
5. Бабури
Додавајте црвен пипер во сите салати, додавајте го во храна во каква било форма. Богата е со многу витамини, а има и посебна улога во забавувањето на стареењето.
6. Пилешко месо
Богато е со протеини, па оттука е и богат извор на колаген. Пилешката ‘рскавица и вратот се најважни во борбата против артритисот.
7. Зелен зеленчук
Грашокот, спанаќот, ќељот, блитвата и многу други се водечки антиоксиданти, а нивната потрошувачка е многу важна поради производството на колаген. Со овие неколку намирници можете да го вратите сјајот на кожата и да се подмладите.