Треба да се отфрли претпоставката дали соларното геоинженерство може да се користи за други цели освен примарната, а светот повеќе да се фокусира на реалните дилеми на оваа надежна технологија, велат Џошуа Хортон и Дејвид Кит за ЦФР
Двете лица на иновативните технологии
Соларното геоинженерство е идеја за користење технологија за рефлектирање на мал дел од влезната сончева светлина од Земјата за делумно неутрализирање на климатските промени. Може да биде извор на многу проблеми, како потенцијалот за намалување на штетните емисии, неизвесните последици и можноста за ненадејно запирање на процесот што може да резултира со опасно брзо затоплување. Сепак, достапните докази покажуваат дека умерената употреба на соларното геоинженерство може да даде простор за ублажување на климатските опасности. Според експертското мислење, оваа технологија има големи шанси значително да ги намали ризиците за најсиромашните во светот со намалување на нееднаквоста во приходите.
Од друга страна, постои загриженост дека соларното геоинженерство може да се употреби како оружје. Тоа произлегува од долгогодишниот воен интерес за технологиите за модификација на временските услови. САД применија слична технологија за сеење на облаците за време на војната во Виетнам, што доведе до усвојување на Конвенцијата за модификација на животната средина (ЕНМОД) од 1976 година за ограничување на непријателската употреба на таквите техники.
Стравувањата за неговата двојна употреба често подразбираат нејасно дефинирани безбедносни закани или шпекулации за „предаторски геоинженеринг“. Во неодамнешното излагање за „Интернационалист“, Елизабет Чалецки тврди дека „геоинженерството, како и нуклеарната фисија, може да обезбеди придобивки ако се користи разумно“ што покажува дека тоа може да се искористи и за војување што ја оправдува иницијативата да се стави под меѓународна контрола на ист начин како што е Баруховиот план од 1946 година за ограничување на употребата на атомската енергија. Претпоставката дека соларното геоинженерство може да се користи за воени цели, сепак е погрешна или грубо преценета. Бидејќи прецизноста игра клучна улога во оружјето и е најценетиот атрибут за многу стратези, главната карактеристика на соларното геоинженерство е всушност неговата непрецизност.
Стратосферска аеросолна инјекција (САИ)
Целта на стратосферската аеросолна инјекција (САИ) е да ги растера аеросолите во стратосферата за да ја рефлектира сончевата светлина, да намали некои штетни аспекти на климатските промени и најчесто се поврзува со стравовите за вооружување. Во однос на климата, на овој начин би можеле само да се поттикнат промени во просечната температура и врнежите, а невозможно е да се контролираат временските услови на ниво на поединечни бури или топлотни бранови.
САИ би бил премногу непрецизен за да може да функционира како оружје. Во едно замислено сценарио, ако САД сакаат да ја нападнат Венецуела, најмногу предвидлива штета би можеле да нанесат со употреба на САИ во намалување на врнежите предизвикани од ширењето на аеросолите само на јужната хемисфера. На тој начин би се променила Интертропската зона на конвергенција (ИТЦЗ), која претставува екваторски појас со тропски врнежи што се движат кон север што доведува до намалување на врнежите од дожд над карипска Јужна Америка. Но бидејќи ИТЗЦ се протега низ целиот свет, ваквиот чекор би ги нарушил (суп)тропските врнежи насекаде. Неселективната промена на климата од ваква природа со сигурност нема да наиде на добар прием од Кина, која е главна ривалка на Америка, Индија, која е клучна во американската индопацифичка стратегија, или од Мексико, како нејзин јужниот сосед и трет најголем трговски партнер. Ефектите од примената на ваква технологија бавно би се манифестирале и би биле потребни години за да се одреди дали намалените врнежи на дожд влијаеле на сушата или недостигот од храна. Уште потешко би било да се поврзе оваа интервенција со борбената готовност, услови и другите оперативни варијанти на војувањето. Без оглед на стратегиските или тактичките придобивки што може да ги имаат САД, сепак нив ги надминуваат трошоците, ризиците и неизвесностите што произлегуваат од нарушувања на врнежите во светот. САИ има минимална прецизност во просторот, времето и ефектот што е спротивно на концептот за оружје.
Две други алтернативни технологии
Две други слични технологии за ниско ниво на осветлување на облаците (МЦБ) со распрскување морска вода за блокирање на влезната сончева светлина и расејување на цирусни облаци на голема надморска височина (ЦЦТ), со цел поголема топлина да ја напушти атмосферата, може да се употребат со многу поголема прецизност, но сепак би било исклучително тешко да се користат за да се создадат силни локални ефекти, кои неизбежно ќе предизвикаат значителни далекосежни последици. Ограничената контрола на временските услови е недокажана, па дури и ако е возможна, физичките последици може да бидат премногу нејасни и не би имале некаква воена вредност. Вооружувањето може да биде барем теоретски можно во неколку исклучителни случаи, но во однос на релевантноста на политиката во реалниот свет, соларното геоинженерство веројатно би се применило во втората половина од векот, но не и за воени цели што директно потекнува од физичките граници на практичните технологии.
Предупредувањата дека соларното геоинженерство се искористи за одвратување на вниманието од тешките и неизбежни проблеми со небулозните закани кон националната и глобалната безбедност. Бидејќи дебатата за соларното геоинженерство започнува да се префрла од академскиот форум во политичките кругови, време е да се фокусираме повеќе на аспектите на оваа инаку ветувачка технологија со реален потенцијал што може да предизвика штета и да ја дестабилизира светската политика.