Исхраната на база на билки и специјално дизајнираните национални диети што ги земаат предвид спецификите на секоја клима можат значително да го намалат влијанието на исхраната врз животната средина и климатските промени.
Лоши навики во исхраната и ефектот врз планетата
Лошите навики во исхраната преовладуваат низ целиот свет. Од земјите каде што гладот е проблем до земјите каде што дебелината е проблем. Ова е поразителен факт, особено кога ќе размислиме колку храна се фрла на глобално ниво секоја година. Според Светскиот фонд за природа, од 6.000 култури одгледувани во историјата на човештвото, ние во моментов одгледуваме помалку од 200 култури и само девет вида сочинуваат 70 отсто од вкупната произведена храна. Опсегот на нашата исхрана драстично се намали и тоа се рефлектира врз биодиверзитетот во самата природа.
Покрај намалената биолошка разновидност, намалена е и отпорноста на земјоделските култури на штетници и болести. Во многу земји, луѓето консумираат премногу месо – повеќе отколку што е потребно само за храна.
Која е поентата на диетата на растителна основа?
Диетата базирана на растенија позитивно влијае на здравјето на луѓето и планетата. Ги намалува загубата на диви видови, уништувањето на шумите, загадувањето на водата и почвата. Исхраната од растително потекло има помал отпечаток на планетата. Ако јадеме повеќе храна од растително потекло, како заедница, би можеле драстично да го намалиме нашиот еколошки отпечаток. Воведувањето на ваквата диета ќе ја намали експлоатацијата на планетата и ќе започне нејзино обновување.
Кои се националните диети?
Познат е фактот дека не сите луѓе можат или не сакаат да преминат на растителна диета, па затоа експертите најдоа алтернативно решение што исто така ќе го намали еколошкиот отпечаток на една личност. „Ворл вајд фаунд“ штотуку направи истражување на оваа тема и ги промовира национални диети. Познато е дека општеството и културата на една нација имаат големо влијание врз навиките на јадење и врз самата исхрана. Според оваа диета, секоја нација би имала свои упатства што би можеле да се вклопат во животот, навиките и културата на нацијата. Нагласено е дека примарно е целата храна да е од етички и одржлив извор.