Познатиот македонски музичар и автор Блаже Маротов во циклусот традиционални песни што ги обработува, деновиве ја приклучи и народната „Дејгиди луди млади години“, за чија реализација му помогнаа неговите пријатели.
Песната ќе биде дел од албумот „Класика М“, кој е во подготовка, а снимена е во студиото „БиМ“. Гости на проектот се моите ценети пријатели и другари: Милан Завков, Илија Филиповски, Александар Тренкоски, Трајче Ристов, Војче Петрушев, Бојан Маротов, а придружни вокали се Лена Заткоска-Маротова и Јуле Маротова. Продукцијата на видеозаписот е на „Валови“, а во него учествуваат и дечињата Габриел, Лео, Луна – ни рече Блаже Маротов.
Тој дополни дека за циклусот „Класика М“ избира убави македонски песни што му се при срце.
– Наскоро обожавателите ќе ги израдувам со нови преработки на песни од ризницата на македонската народна музика – најави Маротов.