Турскиот државјанин Седат Пекер, за кого ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека поседува македонски пасош со лажен идентитет, преку своите адвокати испрати демант на таквите тврдења.
– Го немам добиено гореспоменатиот пасош. Ниту сум аплицирал за таков пасош, ниту сум го користел. Сега сум во Африка, тука работам на бизнис проекти, со мојот идентитет и мојата патна исправа. Исклучително е нелегитимно политичките партии преку медиумите во земјата да го злоупотребуваат моето име, без судска одлука за мене, во меѓусебното ривалство – се вели, меѓудругото, во соопштението со кое Пекер целосно ги отфрла изнесените тврдења.