Речиси беспрекорниот Бејлор во големото финале на универзитетскиот НЦАА-шампионат на САД во кошарка, одиграно во Индијанополис, го совлада со 86-70 Гонзага, кој, пак, претходно имаше 31 победа во низа сезонава. За Универзитетот Бејлор ова е прва титула.
Победничкиот тим доминираше на теренот сите 40 минути, предводен од Џеред Батлер (22 коша, седум асистенции), Дејвион Мичел (26 поена, шест скока, пет асистенции), Мејси Тиг (19 коша) и Адам Флегрел (13 поена). Гонзага не успеа да стане втора екипа во историјата што до пехарот стигнала без ниту еден загубен меч, по Универзитетот Индијана во 1979 година, која ја предводеше легендарниот Лари Бирд.
Најмногу титули во историјата има колеџот УКЛА (11), следуваат Кентаки (осум), Северна Каролина (шест) итн. Во оваа лига сезонава настапи и македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски, за екипата на Вашингтон стејт. Г.И.