Нискобуџетската авиокомпанија „Визер“ од октомври повеќе нема да продава билети за авиолиниите од Скопје до Барселона и од Охрид до Лондон.
На официјалната веб страница на компанијата не може да се резервираат билети за овие дестинации од октомври поточно последниот лет од Скопје до Барселона за кој може да се резервира билет е 26 октомври, а од Охрид за Лондон 24 октомври.
Билети веќе не можат да се купат и за летовите од скопскиот аеродром до Ваксјо во Шведска по 16 септември.
Од компанијата нема официјална потврда зошто по овие термини не може да се резервира билет.
Македонската Влада го поништи последниот тендер за доделување субвенции за нискобуџетски летови на кој едниствена пријавена компанија беше „Визер“.