Шеесет и шестгодишен скопјанец, што на 3 август бил нападнат на улицата „Кеј 13-ти Ноември“, вчера починал на Невро-хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
На 3 август во 3 часот С.М. пријавил дека истиот ден околу 2 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ физички бил нападнат од непознато лице при што му биле нанесени телесни повреди (модринка на левото око и расекотина на десниот образ).
По преземени мерки лицето било пронајдено и било утврдено дека се работи за А.Б. (43) од Скопје. Тој бил приведен во полициска станица и му биле поднесени прекршочни пријави по член 12 и член 6 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.
По целосно документирање на настанот против А.Б. ќе биде поднесени и соодветна кривична пријава.