Владата на Финска денес предложи затворање на пет градa, вклучувајќи го и главниот град Хелсинки, за да се спречи зголемувањето на бројот на заболени од коронавирус.
Првото затворање на Финците во нивните домови е предмет на гласање во парламентот и процена на комисијата за уставно право.
Владата ги затвори рестораните и средните училишта во целата земја на почетокот на овој месец.
Нордиската нација со 5,5 милиони жители забележа вкупно 73.516 заболени и 811 смртни случаи. Таа е една од најмалку погодените земји во Европа.
– Ова се градовите со најтешка епидемиолошка состојба, но списокот може да се ажурира доколку се промени ситуацијата – изјави Паиви Антикоски, шеф за комуникации во кабинетот на премиерот, за „Ројтерс“.
Жителите на овие градови ќе може да ги напуштат своите домови само поради итни причини, како што се набавка на храна или патување во друг дом. Непочитувањето на мерките ќе се казни со парична казна.