Коалицијата Алијанса за Aлбанците-Алтернатива истакнува дека единицата „Тигри“, која и ден денес како што велат од оваа партија останува моноетничка, само македонска, за Албанците ќе остане единица која ќе се памти со антиалбанските акции.
– Вчера, кога полициската единица „Тигри“ ја одбележи својата 40-годишнина од основањето, беше изненадување што во тој настан се доделија плакети и за двајца Албанци: заменик-премиерот Артан Груби, и за заменик-министерот за Внатрешни работи, Назим Буши. Тие што добиваат признанија од таа, нека им биде на нивна чест. – велат од оваа партија.
– Знаејќи ја дејноста на оваа единица од демонстрациите во 1981 и 1989 во Косово, преку настаните во Бит Пазар, Ладориште, Тетовски универзитет, се до убиството на цивилите во с. Љуботен, јасно е дека оваа моноетничката единица имала повод за славење и за доделување на признанија на тие што биле успешни во убивање и насилство кон Албанците, но бидејќи секое признание има мотивација, Коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива прашува јавно која била мотивацијата на ваквото признание за двајцата Албанци од власта? Која е заслугата на Артан Груби и Назим Буши за ваквите 40-годишни антиалбански акции на „Tигрите“ – реагираат преку соопштение од партијата.