Согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, која беше донесена на ден 9 март 2021 година, а истата се однесува за воведување на полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро, на територија на цела држава започнувајќи од среда 10 март, ве известуваме дека изведбите на претставите „Кец на десетка“, „Последната лента на Крап“ и „Влези не се соблакај“ ќе започнат во 19 часот, велат од Македонскиот народен театар.