Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 31 нов пациент поради компликации од корона вирусот. Вкупно 325 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.
Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 10 приеми.
Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 2 нови приеми на пациенти и 14 на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле биле примени 5 пациенти.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 8 оздравени пациенти.
Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 29 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 56 пациент со симтоми на корона вирусот.
Во ГОБ 8 Септември има вкупно 81 болен, а на Клиниката за инфективни болести лежат 101 пациенти, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 18 пациенти. На ГАК има 4 хоспитализирани ковид позитивни пациентки.
Вкупно 325 пациенти потврдени и сомнителени за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.
Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 30 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места. Отворена е и модуларната болница во склоп на Инфективната клиника со дополнителен број кревети.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.