Во услови кога е закажан датумот за одржување на референдумот за договорот меѓу Грција и Македонија, чија цел е решавање на долготрајниот спор меѓу двете земји за името, Владата на Република Македонија, предводена од Зоран Заев, во овие неколку недели колку што останаа до гласањето, ќе треба да почне голема информативна кампања, порачува поранешниот амбасадор на ЕУ во Македонија, Евран Фуере, во колумна за „Призма“.
– Инклузивната јавна дебата, на национално и на локално ниво, ќе биде од суштинско значење за на граѓаните да им се обезбедат сите потребни информации, врз основа на кои тие би донеле одлука, дали да ги прифатат условите од договорот или не. А времето е кратко. Ако Владата одлучи да одговори на обвинувањата дека ѝ недостигала транспарентност во водењето на преговорите кои доведоа до договорот, преостанатото време таа мора да го искористи, добро да ги употреби сите ресурси што ѝ се на располагање, за да почне дебата низ целата земја, наведува Фуере.