Судот во Селе, во германската сојузна покраина Долна Саксонија, денеска го осуди проповедникот Абдуалазиз Абдулах А., попознат како Абу Вала, за кого се сметаше дека е главен претставник на терористичката Исламска држава во Германија.
Тој доби десет и пол години затвор за припадност на ИСИЛ и помагање при подготовка на тешки злосторства против германскиот уставен поредок.
– Абу Вала дејствуваше како претставник на Исламската држава во Германија, влијаејќи врз радикализацијата на многу млади луѓе и финансиски им помагаше да одат да војуваат во редовите на Исламската држава во Сирија и Ирак – рече претседателот на Судскиот совет, Френк Расенов.
Абу Вала имал контакти со Анис Амри, кој го изврши терористичкиот напад на Божиќниот саем во Берлин во 2016 година.