Софија – Во главниот град на Бугарија во саботата имаше обид да се одржи таканаречениот Луков марш, кој го организираат различни националистички фракции во спомен на контроверзниот генерал Христо Луков, но маршот беше прекинат со наредба на градоначалничката на Софија. Кратко време откако почитувачите на контроверзниот бугарски генерал се собраа во центарот на Софија на марш со факли, градоначалничката на главниот бугарски град Јорданка Фандакова издаде наредба за забрана на собирот. (РСЕ)

Љубљана – Во лавина во Словенија вчера загинаа двајца алпинисти и еден спасувач, соопштија тамошните власти. Првите две жртви настрадале во лавината на околу 40 км од Љубљана. Во текот на операцијата за извлекување на телата дошло до втора лавина, која уби еден член на спасувачката екипа, а двајца се повредени. Спасувачите се евакуирани со воен хеликоптер. („Независен“)


Бисер балкански

Проблемите под тепих

– Проблемите на луѓето се разновидни. Заедничко за сите е што се незадоволни од односот на државата и власта кон поединецот, дека сите се препознаени по корупцијата, дека во овој домен сметаат дека играта е нефер. Но мене повеќе ми се драги и многу поинтересни внатрешните проблеми на секој човек, внатрешните превирања, кога некој успева да стави на хартија нешто, значи дека го мачи тоа кога навистина ќе препознае дека надворешната реалност е искра за внатрешните превирања – вели уметницата Јелена Топиќ, која за Радио Слободна Европа објаснува какви пораки граѓаните пишуваат и ги ставаат под тепих во рамките на перформансот што го спроведе во градовите на БиХ и регионот, а досега тоа го направила и во Приедор, Сараево и Белград.
При реализирањето на овој проект, насловен „Ставање под тепих“ на плоштадот „Република“ во Белград, на почетокот на февруари годинава, од полицијата ѝ беше одземан тепихот и ѝ беше напишана казна од 10.000 динари поради „предизвикување нечистотија“.