Во швајцарскиот даночен рај, градот Цуг, стотина граѓани протестираа против рестриктивните епидемиолошки мерки.
Тие носеле бели заштитни одела и извикувале пароли против тоталитаризмот и глобализмот, пренесува „Ројтерс“.
Денешните демонстрации потсетуваат на минатонеделните протести во Виена, кога илјадници демонстранти, незадоволни од заострувањето на мерките, се соочија со полицијата.
„Ројтерс“ пренесува дека полицијата во Цуг ги следела протестите, но не интервенирала.
Во последните 24 часа во Швајцарија беа потврдени 1.500 нови случаи на коронавирус, со што вкупниот број достигна околу 530.000 и скоро 9.000 починати од почетокот на пандемијата.