Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев ги постигна головите за Џенова во победата над Наполи од 2-1, во вечерашниот меч од 21-то коло на италијанската фудбалска Серија А.

Искусниот напаѓач погоди во 11-та и во 26-та минута, додека Марко Политано беше стрелец на единствениот погодок за гостите. Вториот македонски репрезентативец Елиф Елмас го одигра целиот меч за Наполи.

Пандев сезонава забележа три гола и две асистенции на 16 настапи во сите конкуренции за Џенова.

Џенова сега се наоѓа на 11-та позиција на табелата во италијанското првенство, додека Наполи е петти со 10 бода помалку од моментно водечкиот Интер, но и со една одиграна средба помалку од лидерот.