– Ако Зоран Заев го замени зборот српски со бугарски за учење во училиштата, ќе има земјотрес, иако за ниту еден друг јазик нема да има проблем – изјави европратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев за новинската агенција „Фокус“.
За намерата на македонските власти да изградат Српски културен центар, како и да го вратат изучувањето на српскиот јазик и култура на училиштата, европратеникот кажа дека е суверено право на секоја држава е да прави што сака.
– Не е во тоа што тие одлучија да го сторат, туку во фактот дека тие ги користат овие одлуки како провокација против Бугарија – вели Ковачев.