Законски утврдените рокови се испочитуваа, 15 илјади ученици од четврта година пријавија матура што укажува дека најголем дел од учениците се припремаат за матура, вели министерката за образование Мила Царовска.
– Сакаме секое дете да има можност да ги оствари своите цели и соништа, и секако да нагласам дека матурата е законска обврска што значи заокружување на образовниот процес или добивање на диплома што понатаму важи и за продолжување на образованието и за вклучување на пазарот на трудот – рече Царовска.
Таа претходно изјави дека само учениците од една скопска гимназија имаат организиран бојкот на наставата, додека другите се помали изолирани групи, а во некои средни училишта воопшто нема бојкот.
Од наредната година таа најавува дека ќе има соработка меѓу Министерството и средношколците за подготвување на тоа како ќе изгледа новата концепција за матурата.