Целосната реконструкција на кугланата, која се наоѓа во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола е во завршна фаза.
Опремата за куглање веќе е на пат кон Битола и доколку се биде во ред се очекува монтажата да започне следната недела.
Денеска кугланата ја посети градоначалничката на Битола, Наташа Петровска, која со раководството на кугларскиот клуб „Пелистер“ се интересираше како се одвиваат работите.
По поставувањето на кугларските патеки, заедно со целата електронска опрема, овој спортски објект ќе биде најновата лиценцирана куглана во земјава, по најсовремени европски стандарди.
Проектот за кугланата го обезбеди општина Битола преку јавното претпријатие за проектирање, а реконструкцијата е финансирана од Агенцијата за млади и спорт со над 14.000.000 денари.
М.М.