Teтовската полиција поднесе кривична пријава против двајца тетовци, А. Б. (37) и С. Г. (34), поради сомнение за сторено кривично дело кражба.
Како што информираат од МВР, на 25 декември минатата година на тетовската улица Видое Смилевски – Бато пријавените одзеле 5.040 евра и мобилен телефон од автомобил „мерцедес“, сопственост на 49-годишниот Ј. К. од селото Милетино.
По преземените мерки, тие биле пронајдени и приведени во СВР Тетово.