Студијата на компанијата „Фајзер“ покажа дека вакцината против коронавирус произведена од „Фајзер“ и „Бионтек“, исто така дејствува и на големи мутации кај новиот вид.
Вакцината се покажа како ефикасна во неутрализирање на мутираниот вирус, пренесува „Ројтерс“.
Студијата направена од „Фајзер“ и научници од медицинскиот оддел на Универзитетот во Тексас е направена врз основа на луѓе што биле вакцинирани, но е ограничена бидејќи не ги зема предвид сите видови мутации пронајдени во новиот вид коронавирус.
Еден од авторите на студијата, Фил Дормицер, рече дека вакцината е ефикасна против 16 вида мутации.
„Тоа е добра вест. Тоа не значи дека е ефикасна против 17 мутации“, рече Дормицер додавајќи дека загрижува друга мутација наречена Е484К, пронајдена во Јужна Африка.
Се планира да се изврши сличен тест за да се види дали вакцината е ефикасна против мутациите откриени во Велика Британија и Јужна Африка и треба да се соберат повеќе податоци во следните недели.