Членовите на македонскиот клуб „Пежо 404“, кој е неформален и составен од неколку сопственици на ова возило, кое сведочи за нивото на култура и статусот на нашата земја во минатото, вчера од 10 до 12 часот околу пладне организираа дефиле на олдтајмери во центарот на Скопје, со кое се одбележа Светскиот ден на оваа позната автомобилска марка.
– За ентузијазмот и напорите за нивно одржување во технички исправна состојба редовно добиваме признанија од дома и од странство.
Инаку, автомобилите на „Пежо“ се меѓу најдобрите во историјата на автомобилската индустрија, а моделот „404“ е ремек-дело во проектирањето на техничките решенија, дизајнот, изведбата и квалитетот. Ние неколкумина сме среќници што имале можност да уживаат во возењето на овој автомобил – велат од клубот. Во дефилето учествуваа сопственици на десетина олдтајмери од марката „пежо 404“, произведени меѓу 1968 и 1973 година, и еден мотор од марката „мото гуци“ во придружба. Учесниците се сретнаа и со директорот на Францускиот културен центар во Скопје.