Четирите сестри Швадерлап од Германија корисно го искористиле времето поминато на затворено поради рестриктивните мерки и измислиле игра на тема корона, која се продава во илјадници примероци, пренесува агенцијата „Ројтерс“
„Корона“ може да се игра со четири играчи, кои се натпреваруваат да ги купат сите достапни намирници за возрасен сосед, кој живее во изолација поради вирусот. Играчите собираат и си ги преземаат картите, а победникот е оној кој прв ќе ги купи сите намирници. Попат може да се закачи и вирус, кој го праќа играчот во карантин.
– Основниот принцип е солидарност. Секој играч може да реши да соработува со останатите или да им ја отежни работата, блокирајќи им го патот со вируси – вели Сара, една од сестрите Швадерлап.
Сестрите пролетва работеле на играта секоја вечер за време на карантинот и постепено ја надградувале како што добивале нови информации за пандемијата.
Бенедикт, нивниот татко, импресиониран од играта на своите ќерки решил да ја комерцијализира играта, па ангажирал уметник за да го усоврши дизајнот. Тие досега продале над 2.000 примероци од играта и потпишале договор со продавница за дистрибуција и продажба.