Одложениот фајналфор-турнир во Лигата на шампионите за минатата сезона, кој не се одигра поради пандемијата на коронавирусот, денеска и утре ќе се игра во Келн, без гледачи

РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ

Со денешните полуфинални дуели помеѓу шпанската Барселона и францускиот ПСЖ (18 часот), како и унгарскиот Веспрем и германскиот Кил (20.30 ч.), во арената „Ланксес“ во Келн треба да почне одложениот фајналфор-турнир во Лигата на шампионите за минатата сезона, 2019/2020, кој не се одигра поради пандемијата на коронавирусот. Финалето и мечот за третото место на програмата се утре.

Тројца тренери од Шпанија и еден Чешка од клупите на полуфиналитите ќе се тркаат за престижната титула европски првак. Чави Пасквал досега двапати со Барселона стигнал до тутулата европски првак (во 2011 и во 2015 година), по една титула имаат Раул Гонзалес како тренер и Давид Давис како помошник-тренер со Вардар (2017 година), а Чехот Филип Јиха има две титули европски првак како играч (2010 и 2012 година).

Шпанскиот првак Барселона во досегашниот тек од новата сезона има ефект од осум победи во осум натпревари и зад кои стои најдобриот напад со просек од 36,3 гола по средба. Шпанците со деветте досегашни титули (1991, 1996, 1997, 1998, 1999, 2000, 2005, 2011, 2015) се најтрофејниот тим во ова европско клупско натпреварување. Единствен проблем за стратегот на Барселона, Пасквал, е повредата на неговиот најдобар ракометар Исланѓанецот Арон Палмарсон.

Веспрем сезонава го има вториот најдобар ефект меѓу полуфиналистите. Ракометарите на Веспрам досега шест пати играле во завршниците на ЛШ, од кои четири пати во финалињата и сите четири ги загубиле. Тренерот на Веспрем, Давис, на турнирот во Келн на располагање ќе ги има сите ракометари од тимот.

Германскиот првак Кил ќе играат на домашен терен. Проблем за тренерот на Кил ќе биде отсуството на повредениот лев бек Никола Билик, како и неподготвеноста на левите крила Магнус Ландин и Руне Дамке, кои до вчера беа во изолација поради позитивни тестови на коронавирусот, а дел од изолираните ракометари беа и централниот бек Домагој Дувњак и дефанзивецот Павел Хорак. Германците досега 14 пати биле дел од завршниците во ЛШ, од кои шест пати на фајналфор-турнирите во Келн. Тие имаат три титули европски првак, а четири пати завршиле како второпласирани.

ПСЖ сезонава го напуштија десното крило Лук Абало, централниот бек Сандер Сагосен, дефанзивецот Ким Едгал ду Риц, голманот Тери Омејер (замина во пензија), а неодамна се повреди и лидерот Никола Карабатиќ. Французите досега трипати играа во завршницата од ЛШ, двапати завршија на третото место, а еднаш играа во финалето.

ПОЛУФИНАЛЕ
Барселона – ПСЖ 18 ч.
Веспрем – Кил 20.30 ч.
Утре се финалето и мечот за третото место