Сведокот Александар Василевски-Нинџа не бил во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ во перидот за кој пред судот кажа дека сведочел како се организирале протестите и упадот во Собранието на 27 април од страна на обвинетите. Ова е заклучокот од вештачењето на вештото лице Мирослав Котевски, во кое се анализираат телефонските броеви и контактите на Василевски-Нинџа. Првиот мобилен број на Василевски-Нинџа, според вештачењето, се најавил на микро базната станица „ВМРО” која го покрива подрачјето каде се наоѓа седиштето на ВМРО-ДПМНЕ дури во 22.08 минути на 27 април 2017 година. Вториот број, пак, во 22:19 минути. Со ова, обвинетите го побиваат исказот на Василевски-Нинџа кој пред судот сведочеше дека во 18.03 минути бил во ВМРО-ДПМНЕ и останал до 19 часот, а од каде се давале наредби за 27 април.
„ Првпат и единствен пат на базната станица на ВМРО е прикачен во 22.18 минути на 27 април. Во 22.53 се регистрира бројот на базната станица на ССМ. Согласно воспоставениот сообраќај на бројот од Василевски-Нинџа, во периодот од 16 часот до 23 часот неговата позиција е следна: првата регистрација е во 16.05 и е регистриран на зградата на ССМ. Следното е интернет врска во 16.13 од новата базна станица на Македонски Телеком, тоа значи дека се движел од кејот на Вардар кон плоштадот Македонија. Во 17.12 минути е регистриран на зградата на Алмако, а во 17.14 се пререгистрирал на новата зграда на Телеком. Во 18.57 тој се регистрира на базната станица на Дом на АРМ, а по краток период се регистрира на зградата на ЕВН. Се движел северно од Собранието. Потоа бил регистриран кај Работнички дом. Се движел во реонот на Жена парк-Борец. Следното негово конектирсње е во 22:17 минути и тоа ма базната станица на Алмако. Потоа е регистриран на базната станица на ВМРО. Она што е важно дека тој во 22.19 минути првпат се прикачува на базната станица на ВМРО. Тој тогаш добива повик, но не одговорил. Кога престанува ѕвонењето, следната базна станица каде бројот е регистриран е Алмако. Во зградата или вон зградата бил повеќе од една минута – рече вештакот Мирослав Котевски.
Во 18.04 минути, според вештакот, имало обид за повик помеѓу двата телефонски броеви за кои Обвинителството тврди дека се на Василевски-Нинџа. Едниот број бил конектиран на базна станица „Алмако”, додека другиот на базната станица од новата зграда на Македонски Телеком. Василевски-Нинџа во своето сведочење посочи дека во тој период пристигнал во ВМРО-ДПМНЕ, што обвинетите го побиваат со податоците од базните станици. Вештакот посочи дека двата броја не биле користени од Василевски-Нинџа бидејќи во исто време биле конектирани на две различни базни страници.
– Се прикачува на старата зграда на Македонски телеком, се движел по кејот. Во периодот од 18 до 22 часот е покрај Собрание и паркот Жена борец. Во 22.08 до 22.13 е регистриран на базната станица на ВМРО, за потоа движењето да биде лоцирано во овој дел – рече вештакот за вториот број на Василевски-Нинџа.
Василевски, кој е еден од 16-мината обвинети на вкупно 211 години затвор за упадот во Собранието, сведочејќи пред судот во јуни годинава рече дека на на 27 април 2017 година во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ дошол во 18.03 часот и слушал како се издаваат наредби од страна на обвинетите за упадот во Собранието.
Вештакот пред судот посочи дека фајловите со докази од комуникации биле незаштитени и со нив можело да се манипулира, односно да се додаваат и одземаат контактирани броеви.
– Презентирани се 168 различни мобилни телефонски броеви и повеќе од 200 листинзи за различни телефонски броеви. Заклучив одредена неконзинстентност во барањата кон телеком операторите. Идентификував 18 телефонски броеви за кои има листини а нема барања. На 64 броеви има дуплицирани и труплицирани листинзи во самите наоди. Од 168 броеви во доказите, бројот 075378*** воден како број на Спиро Ристовски има остварено комуникација со шест броја. Двата броја во сопственост на Миле Јанакиевски има направено комуникација со пет броја, а од другиот со два броја. Бројот го кажав зошто не најдов доказ дека тој припаѓа на Спиро Рисовски, туку на Министерството за образование и наука. Дикриптивно во еден од доказите пишува дека бројот е на Спиро Ристовски. Бројот кој се води како Спиро Ристовски, а за кој не видов доказ дека е негов, од листингот на 27 април има 30 реализирани комуникации од кои 25 се смс пораки и пет говорни комуникации. За тој број од Телеком се разменети 74 смс пораки, една ММС порака, 11 приклучоци кон интернет и 24 говорни комуникации. Бројот кој се води на Спиро Ристовски нема воспостсвено комуникација со мобилните телефони на Миле Јанакиески. Двата телефони на Миле Јанакиески се користени од две различни лица, бидејќи остварувале меѓусебна говорна комуникација – рече вештакот.