Битола наскоро треба да добие нова детска градинка, која ќе има капицитет за згрижување на 150 деца, на возраст од 6 месеци до 6 години.
Новата детска градинка планирано е да биде изградена во Нова Битола, наспроти основното училиште „Св. Климент Охридски”. Изградбата е дел од Компонентата 2 од Проектот за подобрување на социјалните услуги на Министерството за труд и социјална
политика, што е поддржана од Светска Банка, а чија цел е проширување на пристапот и подобрување на квалитетот на системот за згрижување и воспитание на децата од
предучилишна возраст.
Во врска со изградбата на новата детска градинка, денеска Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Општината Битола преку апликацијата ЗУМ ќе организираат онлајн јавна дебата за потребата од изградба на новата детска градинка во Битола.
Инаку Општина Битола неодамна распиша тендер за изградба на нова детска градинка во кругот на поранешната Касарна, за чија изградба германската компанија „Кромберг и Шуберт“ веќе донираше 180.000 евра. М.М.