Рибите спијат за да го зачуваат својот одбранбен систем и енергија. Некои спијат во текот на денот, а други ноќе и затоа е потребно да не се вознемируваат за време на спиењето, оти и најмал шум на водата може да ги разбуди од сонот
Рибите живеат во многу различни средини, така што еден вид се разликува од друг по многу работи. На пример, некои риби имаат и жабри и гради за вдишување на воздухот. Рибите што живеат на големи длабочини се слепи, но затоа имаат многу чувствителни краци на главата. Некои живеат во солени, а други во слатки води, но има и такви што живеат исклучиво на дното на океаните.
Што се однесува до тоа дали рибите спијат, треба да се знае дека и ним, како и на луѓето, им е потребен здрав сон. Голем број луѓе мислат дека рибите не спијат оти немаат капаци на очите, а очите им се влажни. Сепак, рибите спијат за да ги зачуваат својот одбранбен систем и енергија. Сонот е од големо значење за сите видови животни, како и за луѓето, бидејќи му помага на телото да закрепне од работите што ги извршило додека било будно.
Секоја риба има различен начин на спиење. Некои риби спијат во текот на денот, а други ноќе. Тие ја намалуваат својата состојба на свесност за време на спиењето, но никогаш не се целосно несвесни.
Кога рибите ќе се уморат, често одат во некој агол и таму спијат. Постојат некои ајкули што спијат во движење. Во текот на спиењето, метаболизмот на рибите се забавува. По целодневното пливање во текот на денот, уморот е неминовен, како и неопходниот сон. Факт е дека рибите спијат на некој начин, било да ги забават движењата или целосно да ги прекинат, притоа да се кријат во вода или да го прават тоа на отворено.
Затоа е потребно да не се вознемируваат за време на спиењето, оти и најмал шум на водата може да ги разбуди од сонот. Можеби нема да спијат многу часови, но сепак спијат, за да ја вратат силата. Рибите обично спијат кога им е потребно тоа. Времето на нивното спиење зависи од тоа дали се во прашање ноќни или дневни видови риби. Рибите се во одредено движење и за време на спиењето, за да може кислородот низ нивните жабри да дојде до нивниот крвоток.
Рибите можат да видат и додека спијат, така што се подготвени за каков било потенцијален ризик. Кога ќе забележите дека рибата не се движи или дека е сето време на едно место, тоа значи дека таа спие.