ФОРМУЛА 1

Сопствениците на патеката Силверстоун, Британскиот клуб на возачи тркачи, ја именуваа целната рамнина на патеката по Луис Хамилтон (35), во чест на неговите достигнувања годинава, пишува „Би-би-си“. Хамилтон стана најуспешниот возач на Формула 1 во историјата, откако ја освои седмата светска титула и го собори рекордот за најмногу победи. Тоа е првпат дел од патеката да го носи името на кое било лице, пишува „Би-би-си“.
– Луис стана огромен дел од историјата и директорите на клубот и јас чувствуваме дека нема подобар начин да се обележи ова отколку да се преименува иконската целна рамнина како признание за неговите достигнувања со рекорди – рече претседателот на Британскиот клуб на возачи тркачи, Дејвид Култхард.
Хамилтон има рекордни седум победи на трката за големата награда на Велика Британија и шест од нив ги прослави на подиумот што гледа на новиот „Правец Хамилтон“, местото каде што се случува и традиционалната инвазија на патеката по трката и каде што гледачите слават пред подиумот, пишува „Би-би-си“.