ПРОФЕСИОНАЛЕН БОКС
Дали сум најдобриот на светот? Јас сум најдобрата верзија на себеси и тоа е единственото нешто што е значајно. Подготвен сум за следната борба и ако е таа со Фјури, нека биде, изјави професионалниот боксер Ентони Џошуа, откако ја одбрани титулата овој пат против Кубрат Пулев пред 1.000 гледачи на стадионот „Вембли“ во Лондон.
Вечерашната победа беше неопходна за Џошуа да добие шанса да се бори против Тајсон Фјури за титулата апсолутен светски шампион во тешка категорија. Целата јавност се надева на дуел во 2021 година, иако нема прецизни индиции дали ова и навистина ќе се случи.
Англичанецот, кој е носител на појасите во верзиите ИБФ, ВБА и ВБО, сега има резултат од 24 победи, од кои 22 со нокаут и само еден пораз. На Џошуа му остана уште само патот кон крајната цел, титулата апсолутен светски првак во тешка категорија. Светскиот првак во верзијата ВБЦ, Фјури, досега има 31 борба, 30 победи од кои 21 со нокаут и само едно реми.