Власта ги компромитира корона-изборите кои што сама ги организира и на кои што учествува сама, без опозиција, обвини ВМРО-ДПМНЕ.
– На изборен ден СДСМ одлучува и дели буџетски пари како наводна помош со четвртиот сет мерки, а всушност за купување на гласови и со тоа на излезност.
Очигледно СДСМ не може да победи дури на избори на кои што сама учествува сама и сама ги организира, со неколку свои сателити па среде економска криза преку поткуп да уценува граѓани да излезат на избори.
Ако на СДСМ им беа важни граѓаните немаше да остават 50.000 да ги загубат работните места, трошоците и сиромаштијата да растат, фирми да пропаѓаат и животи да се губат.
Поткупот нема да ги спаси илјадниците загрозени животи заради корона-изборите кои премиерот во заминување реши да ги организира среде пандемија само заради бзизнис цели. Заев и СДСМ покажаа дека не им се важни животите на граѓаните, туку функциите и бизнис зделките.
Државата е на колена, економијата уништена, животи загрозени. Време е за оставки! – велат од партијата.