Тутунарите од поширокиот регион денеска одржаа предупредувачки протест во Прилеп, заради неповолната откупна цена на тутунот.

Игор Мирчески вели дека нема да отстапат од нивните барања за повисока откупна цена, укинување на четвртата класа, реална проценка.

– Срамота е сегашната откупна цена. Една кутија цигари едно кило тутун. Нема да попуштиме. Ќе блокираме ако не се покачи цената – изјави тој денес на протестот на кој тутунарите дојдоа со трактори и со тутун. 

Ка.М.