Турција им порача на американски официјални преставници дека се противи на санкциите што САД ги воведоа кон Иран и дека нема намера да ги почитува, изјави денеска турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу.
– Ние не треба да ги почитуваме санкциите воведен од една земја кон друга. Не сметаме дека санкциите се оправдани – изјави Чавушоглу.
Тој нагласи дека ваквиот турски став им бил пренесен на американските претставници во Анкара, на кои им било порачано дека Турција купува нафта и гас од Азербејџан, Русија и Ирак, но и од Иран.
– Ако не купуваме нафта и гас од Иран, од каде ќе ги задоволиме нашите потреби – истакна Чавушоглу.