Италијанскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Матео Салвини категорочно го отфрли предлогот на Европската комисија на земјите членки на ЕУ да им се плаќа по 6.000 евра за секој прифатен мигрант, оценувајќи ја идејата како милостина, јави ДПА.
– Не сакаме милостина. Секој барател на азил ги чини италијанските даночни обврзници 40 до 50 илјади евра. Брисел нека си ја задржи милостината. Ние сакаме да го запре приливот (на мигранти), не сакаме пари – изјави Салвини.
При посетата на централата на Националната противпожарна служба во Рим, Салвини порача дека Брисел може да им даде пари за мигрантите на други земји ако го сакаат тоа, но дека „на Италија не и e потребна милостина“.