Градоначалникот на Ерусалим, Нир Баркат соопшти дека камен од Ѕидот на плачот, со тежина од 100 килограми, ненадејно паднал покрај лице кое се молело и не го повредило, нарекувајќи го случајот – „огромно чудо“.
При инцидентот, нема жртви и повредени.
Рабинот Шмуел Рабинович се сложува дека ова е многу необична случка што не се памети со децении. Според него, можно е каменот да бил „истуркан“ од билките што виреат во Ѕидот или, пак, од влага. Просторот каде што паднал каменот, во моментот бил ограден заради одржување.
Ѕидот на плачот, како остаток од некогашниот комплекс библиски храмови, за Евреите е најсветото место за молитва.