Најмалку 34 лица загинаа, а 24 се ранети во два одделни бомбашки напади во источен и јужен Авганистан, потврдија официјалните лица на земјата.
– Во напад во источната провинција Газни, 31 војник беше убиен, а 24 ранети кога напаѓач влезе во воена база со воено оклопно возило полно со експлозив и активираше бомба – изјави претставник на Советот за национална безбедност на Авганистан.
Нападот го потврди и портпаролот на Министерството за внатрешни работи Тарик Аријан, иако тој не даде детали за жртвите.
Вториот напад се случил во јужен Авганистан, а мета на самоубиецот бил шефот на покраинскиот совет во Зубал. Еден бомбаш самоубиец усмрти најмалку три лица и рани 12, меѓу кои и деца.Началникот на покраинскиот совет Атајан Хакабајат го преживеал нападот со полесни повреди, иако меѓу убиените има и еден од неговите телохранители, изјави портпаролот на покраинската полиција, Хикматула Кочаи.
Никој сè уште не ја презеде одговорноста за нападите.Бомбашките напади се случија додека претставници на авганистанската влада и талибанците за прв пат водат разговори во Катар за лице со цел да се стави крај на децениската војна во земјата.