Бугарскиот вицепремиер, Красмир Каракачанов, оцени дека интервјуто на премиерот Зоран Заев, за БГНЕС е мал чекор напред во вистинската насока.
Каракачанов, сепак, вели дека не претпочита да верува во декларации и интервјуа, туку она што е кажано да биде спроведено на дело.
Тој рече дека во моментов на Бугарија и се потребни конкретни гаранции, а тие не можат да бидат поддржани само со декларација, туку потребно е да се склучи писмен документ – потпишување на анекс или нов договор, пренесе бугарската агенција „Фокус“.
– Ние сакаме јасна гаранција како ќе се промени нивниот образовен систем, со специфични рокови. Самиот процес на преговори може да трае 10 години, но за да се согласиле да го почнеме, ни треба патоказ. Сакаме многу јасно овој услов да биде вметнат во договорот со Европската Унија и да биде јасно дека може да го запреме процесот во било кое време, ако договорот не се спроведе – рече Каракачанов.
Тој додаде дека на Бугарија и претстои да продолжи ревносно да ги брани своите национални интереси.