Продуцентите одлучија дека главниот лик во првиот филм снимен во вселената сепак ќе биде жена, иако претходно беше најавено дека ќе се одржи кастинг за актери од двата пола. Веќе е објавен и конкурс за главната актерка и за нејзини заменички.
Драмата наречена „Предизвик“ е заеднички проект на руската вселенска агенција „Роскосмос“, државниот Прв канал и студиото „Жолто-црно-бело“
Снимањето на Меѓународната вселенска станица е најавено за следната есен.
По завршувањето на првата фаза, комисијата ќе избере 30 финалистки за понатамошно учество на натпреварот. Медицинската комисија ќе спроведе сложена процена на кандидатите во согласност со медицинските и психолошките барања, како и барањата за физичка подготвеност, образование и професионални квалитети, кои се неопходни за учество во вселенски лет и за работа во вселенски услови.
Генералниот директор на „Роскосмос“, Дмитриј Рогозин, изјави дека ова е еден вид вселенски експеримент, во кој избраната актерка ќе ги извршува задачите на космонаут истражувач и ќе биде полноправна членка на екипажот.
– Следува филмот што вклучува лет на рускиот транспортен авион „Сојуз МС“ до Меѓународната вселенска станица, кој е планиран за есен, 2021 година – се наведува во соопштението.
Претходно беше објавено дека филмот ќе го режира Клим Шипенко. Режисерот Даг Лајман и актерот Том Круз исто така планираат да снимат филм во вселената, во капсулата „Змеј“, а снимањето е најавено за октомври 2021 г.
На крајот на 2021 година е планиран и првиот туристички лет до Меѓународната вселенска станица