Сениорската екипа на Ангели од Кисела Вода триумфираше над екипата на Струмица со 67-46 на гостински терен, изминатиов викенд во рамки на Втората лига.

– Нашата екипа во текот на целиот натпревар беше во водство. Победата над екипата од Струмица за нас е од големо значење, затоа што игравме со тим, кој исто како нас има амбиции да се натпреварува во првата кошаркарска лига. Со оваа победа се задржавме на првото место на табелата – изјави Благоја Кечовски, тренер на Ангели.

Следниот викенд кошаркарите на Ангели, на домашен терен, во спортската сала „Независна Македонија“, ќе ги одмерат силите со екипата на Феникс.