Поранешниот американски претседател Барак Обама рече дека високи републиканци ја поткопуваат демократијата со поддршка на неоснованите тврдења на претседателот Доналд Трамп за изборни измами.
Во интервју за „Си-би-ес“, кое ќе се емитува в недела, Обама рече дека избраниот претседател, демократот Џо Бајден, јасно победи на претседателските избори, пренесува „Би-би-си“.
Трамп поднесе неколку тужби, оспорувајќи ги резултатите од изборите на кои сè уште се бројат гласовите.
Обама, демократскиот претходник на Трамп, вели дека обвинувањата се мотивирани од фактот дека претседателот не сака да губи.
– Повеќе сум загрижен за фактот дека и другите републикански функционери, кои сигурно знаат подобро, се согласуваат со тоа. Тоа е уште еден чекор кога делегитимирање не само на претстојната администрација на Бајден туку и на демократијата воопшто, а тоа е опасен пат – рече Обама.